ПРВА ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА

Ја известуваме јавноста дека во предметот „Таргет – Тврдина“ е раздвоена кривичната постапка за едно лице, за кое, врз основа на признание на вина, на ден 17. 11. 2017 година, е донесена пресуда. На обвинетото лице му е изречена алтернативана мерка – условна осуда за кривичното дело Помагање на сторител во извршено кривично дело. Предлогот […]

More
ВОВЕДЕН ГОВОР ЗА ПРЕДМЕТОТ “ТРУСТ”

Почитуван Суде, Во предметот поради кој сме денес тука, присутните физички и правни лица, обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, односно „ТРАНСМЕТ“, „СИЛЕКС НЕМЕТАЛИ“ и „ВАТО“, со кривичните дела кои им се ставаат на товар, ги повредиле индивидуалните и општествените правни добра на стопанскиот живот единствено заради нивно нелегално богатење, а на штета […]

More
ДЕМАНТ ВО ОДНОС НА ИНФОРМИРАЊЕТО НА ОДДЕЛНИ МЕДИУМИ

Во целост ги демантираме наводите  во текстови и прилози на одделни медиуми, според кои ова Јавно обвинителство незаконски постапило кога упатило барање до Судот во Гевгелија за издавање наредба за претрес. Имено, Апелациониот суд Скопје одлучил велешкиот суд да биде судот кој што ќе оцени дали извршениот претрес бил законски или не, така што сѐ […]

More
ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ НА СУДИЈА

До Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија, ова Јавно обвинителство поднесе претставка за утврдување на одговорност на судијата Моника Бахчовановска, судија при Основниот суд Скопје I Скопје. Со претставката е побарано да се испита работатата на судијата од аспект на нестручно и несовесно вршење на судиската […]

More
ОБЈАВЕН ЧЕТВРТИОТ ШЕСТМЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ОВА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Четвртиот Извештај за работата на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите денеска е доставен до Собранието на Република Македонија и до Советот на јавните обвинители на Република Македонија, согласно Законот за ова Обвинителство. Извештајот претставува преглед на работата на ова Јавно обвинителство во […]

More
ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА НОВИ БРАБОТУВАЊА

Скопје, 27.07.2017 – Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите на ден 26.07.2017 година објави оглас за нови вработувања во дневните весници „Нова Македонија“ и „Коха“. Огласот може да го преземете тука, додека образец за пријава може да преземете тука. Со оглед дека беше констатирана […]

More
ИЗЈАВА ОД ПРЕС – конференцијата на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

29.06.2017, – Скопје,  Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани на Република Македонија, Би сакала да го потенцирам исклучителното значење кое го има денешниот настан, особено заради тоа што ја имам можноста со Вас да споделам дел од резултатите кои ги постигнавме досега, а се рефлектирани во обвиненијата кои заедно со обезбедените докази имате можност да […]

More
НАЈАВА ЗА ПРЕС – конференција

28.06.2017 – Утре, со почеток во 12:00 часот во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе се одржи прес – конференција.

More
ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ за заштита на законитоста

16.06.2017, Скопје – Ја известуваме јавноста дека постапувајќи по предметот познат како „Талир“ до Врховниот суд на Република Македонија поднесовме Барање за заштита на законитоста. Со барањето за заштита на законитоста се бара Врховниот суд да утврди дека решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје I Скопје, […]

More
Поднесени барања за обезбедување на имот

26.05.2017, Скопје – Денеска ова Јавно обвинителство поднесе барања до Судот за обезбедување на имот поврзан со предметите „Триста“ и „Талир“. Во врска со предметот „Триста“, откако е пријавено имотно – правно побарување на од страна на оштетено лице, побарано е да се изрече забрана за отуѓување и оптоварување на имот. Имено, до Судот е […]

More