Надворешен експерт овозможи помош при постапување на судска наредба

28.10.2016, Скопје – Во врска со прашања на интерес изразени од повеќе медиуми, а кои се однесуваа на постапувањето по судска наредба за прибавување на компјутерски податоци од помошни сервери во Управата за безбедност и контраразузнавање Ве известуваме следното: Во текот на денешниот ден, со помош на надворешен експерт обезбеден од производителот на помошните сервери кои […]

More
Демант на тврдења искажани во неделникот Република

25.10.2016, Скопје – Во врска со прашања на интерес поврзани со текст објавен во неделникот „Република“ упатени од повеќе медиуми и тоа ТВ Нова, Алфа ТВ и Канал 5, Ве известуваме следното: Во неделникот Република беа објавени тврдења со кои се прави обид за дискредитација на ова Јавно обвинителство. Во целост ги демантираме тврдењата кои […]

More
УБК презеде одговорност за обезбедување на системите

22.10.2016, Скопје –Во врска со вчерашните случувања во Управата за безбедност и контраразузнавање Ве известуваме следното: Од наша страна, откако беа прибавени поголем дел од податоците, а со цел целосно спроведување на судската наредба, во текот на вчерашниот ден беше побарано од Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање да дозволи физичко присуство на истражители […]

More
Одземен дел од бараните податоци од УБК

21.10.2016, Скопје – Одземени се сите наредби за Посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши […]

More
Поднесени предлози за мерки на претпазливост во случајот „Тендери“

21.10.2016, Скопје – Во текот на вчерашниот ден до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а во врска со истрагата во предметот „Тендери“ поднесен е предлог за определување на мерки за претпазливост за две осомничени лица, со кои е побарано од Судот осомничените лица да се јавуваат еднаш неделно – секој  вторник во 10:00 часот […]

More
Изјава од прес конференција

20.10.2016, Скопје – Денес ова Јавно обвинителство оддржа прес конференција. Во продолжение е изјавата на Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, а јавната обвинителка Ленче Ристоска одговараше на новинарски прашања. Почитувани, денес ќе Ви презентирам две ново отворени истраги на ова обвинителство, поради основано сомнение дека инволвираните сториле кривични дела со кои директно го оштетиле буџетот на […]

More
Најава за прес конференција

18.10.2016, Скопје – На 20.10.2016 година со почеток во 11:00 часот во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе се одржи прес конференција на која ќе бидат презентирани две нови истраги.

More
Блокирана сметката на правното лице во случајот „Трезор“

Скопје, 07.10.2016 – Со оглед дека повеќе медиуми изразија интерес за блокирањето на сметката на правното лице „Финзи“ за случајот „Трезор“, Ве известуваме следното: Во текот на вчерашниот ден Судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје донесе решение со кое наложи да се запре извршувањето на финансиските трансакции на сметките на правното лице […]

More