Барање за изземање на претседателот на Врховниот суд

30. 03. 2017, Скопје – Денес ова Јавно обвинителсетво поднесе Барање за изземање на претседателот на Врховниот суд. Информираме дека бараме изземање на претседателот на овој Суд бидејќи тој е опфатен во јавно објавените телефонски разговори и тоа во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на Врховниот суд. Во согласност со препораките на […]

More
Повлечено барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија

29.03.2017, Скопје – „Јас како Јавен обвинител сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа денес со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија го повлеков барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија“. […]

More
Поднесени претставки против судии до Советот за утврдување на факти

28. 03. 2017, Скопје – До Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија ова Јавно обвинителство поднесе претставки за утврдување на одговорност на судиите судиите на Основниот суд Скоје I Скопје,  Елена Илиевска Јосифовиќ и Татјана Михајлова. Со претставките е побарано да се испита работатата на судиите […]

More
Катица Јанева со свое излагање на Меѓународниот ден на укажувачите

24.03.2017, Скопје – Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска, во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на укажувачите, во организација на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, имаше излагање за потребата од имплементација на препораките на Венецијанската комисијa. Во продолжение, излагањето на Специјалната јавна обвинителка: -Одбележувањето на Меѓународниот ден на укажувачите е склучително значаен ден во […]

More
Демант

24.03.2017,Скопје – Целосно ги демантираме наводите на повеќе медиуми дека ова Јавно обвинителство со својата работа прави притисок на медиумите и влијае на слободата на информирање. Појаснуваме дека пред ова Јавно обвинителство се водат истражни постапки за повеќе предмети во кои се опфатени лица кои се поврзани со дел од медиумите. Предмет на ваквите истражни постапки […]

More
Изјава од прес конференција

23.03.2017, Скопје – Денес ова јавно обвинителство оддржа прес конференција. Во продолжение се изјавите на Јавната обвинителка Катица Јанева и Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, а Јавната обвинителка Ленче Ристоска одговараше на новинарски прашања. ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА, ПОЧИТУВАНИ МЕДИУМИ Дозволете да Ви се обратам на оваа прес конференција која се однесува на отварање на финансиски […]

More
Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

16.03.2017, Скопје – Најостро ги демантираме наводите за поврзаност на ова Јавно обвинителство со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, искажани во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа прилика укажуваме дека ова Јавното обвинителство, како независна и професионална институција, е формирано со Закон за кој во Собранието на Република Македонија гласаа вкупно 111 пратеници, вклучително и пратениците од […]

More
Доставен третиот шестмесечен Извештај

15.03.2017, Скопје – До Советот на јавни обвинители и Собранието на РМ денес беше доставен третиот шестмесечен Извештај за работата на ова Јавно обвинителство. Извештајот е јавно објавен на нашата веб страна.

More
Реакција на коментари поврзани со изјава на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

Со оглед дека во дел од медиумите се пројавија неточни толкувања на изјавата на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, дадена по повод новинарско прашање поврзано со определувањето на притвор на еден од осомничените лица во случајот “Труст”, го појаснуваме следното: За фактот дека е донесена одлука по жалбата на ова Јавно обвинителство и дека е […]

More
Доставена жалбата по повод решението за притвор

Скопје – Денес до ова Јавно обвинителство беше доставена жалбата изјавена од одбраната против решението за определување мерка притвор за едно осомничено лице во случајот „Труст“. Ве известуваме дека во законскиот рок од 24 часа ќе биде поднесен одговор на жалба.

More